Лудо беше во Порто – Поништен гол за домаќините, па студен туш и пенал за гостите во иста акција, на крајот немаше гол за ниедна од екипите (Видео)

Лудо беше во Порто на „Драгао“ во 42-рата минута, кога Тареми постигна гол за 1:0 против Баер Леверкузен, но беше поништен, а потоа се случи чудо.

Со помош на ВАР-системот, погодокот на Тареми беше поништен бидејќи претходно во истата акција имаше игра со рака на фудбалер на Порто на спротивната страна.

Наместо гол за домаќините, беше досуден пенал за Баер во истата акција, што е реткост на гудбалскиге натпревари, иако не е прв таков случај.

Хаосот продолжи со утката на Патрик Шик од белата точка, па немаше гол за ниту една од двете екипи и на полувреме е без голови.

Целиот момент од финишот на првото полувреме погледнете го ОВДЕ.

Наполи игра импресивно на стартот од новата сезона и во Серија А и во Лигата на шампионите, а вечерва во ефикасно прво полувреме во Амстердам потврди дека е во топ-форма.

Против Ајакс на арената „Јохан Кројф“, гостите од Неапол губеа со 1:0, но само за 15 минути со два гола успеаја да направат комплетен пресврт и потоа со уште еден погодок да го потврдат водството од 3:1 по првото полувреме.

Кудус беше стрелец за Ајакс во деветтата минута, но разиграниот Распадори и Ди Лоренцо со голови во 18-тата и 33-тата минута направија пресврт за тимот што сè уште нема пораз во новата сезона.

Пјотр Зјелински со гол во 45-тата минута донесе уште поубедлива предност за тимот чиј член е Елиф Елмас, кој е на клупата за резерви.

Со 1:0 води Интер против Барселона, исто како и Ливерпул против Глазгов ренџерс и Бриж против Атлетико Мадрид.

Претходно од 18.45 часот на двата први натпревари од третото коло во Лигата на шампионите, Баерн ја декласира Викторија П’лзењ со 5:0, а убедлив беше и Марсеј со победа од 4:1 против Спортинг Лисабон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести