31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Наполи е најмалер тим во Европа, така не се станува првак на Италија

Наполи киксираше на свој терен откако одигра 0-0 против Торино, во меч од 24-тото коло на Серија А. Со овој нерешен резултат, тимот од југот на Италија дополнително заостана уште два бода во обидот да го стигне лидерот Јувентус. Сега речиси е невозможно и остануваат само теоретски шанси Јувентус да не биде шампион. „Старата дама“ има 13 бода пред вториот Наполи, а дури 30 пред третопласираниот Интер.

Наполи едноставно немаше среќа против Торино. Упатија дури 20 удари кон голот на гостите, од кои 10 беа во рамките на голот, но ниедна топка не заврши во мрежата. Покрај тоа, Наполи повторно ја погоди и рамката на голот. Тоа е 18-ти пат сезонава играчите на Наполи да погодуваат пречка или статива. Ниту еден друг тим во топ 5 лигите на Европа нема повеќе пати погодено рамка на противнички гол, што само покажува колку Наполи нема среќа сезонава. Ниту 15 изведени корнери не беа доволни да се сруши „бункерот“ на Торино, кој си заминува непоразен, но му направи услуга и на градскиот ривал Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести