19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Наполи е незадржлив, Осимен погоди осми меч по ред во Серија А

Нема сопирање за Наполи во италијанското првенство. Тимот кој сезонава игра блескаво во Серија А, стигна до нова победа овојпат на гости кај Емполи, победувајќи со 2:0.  За Наполи ова е 21-ва победа во 24. Коло и со 65 бодови е убедлив лидер на табелата. Второпласираниот Интер има 47 бодови и меч утре на гости кај Болоња.

Наполи многу брзо ги реши сите дилеми околу победникот, откако гостите постигнаа два гола во првите 30 минути игра. Најпрво Исмајили си даде автогол, а потоа Осимен зголеми на 2:0 во 28 минута. За Осимен ова беше осми натпревар во низа на кој постигнува погодок во Серија А.

На овој меч, Наполи од 67 минута остана со играч помалку по исклучувањето на Руи, а четири минути подоцна на теренот влезе Елиф Елмас, кој ги одигра последните 20 минути. Во последните девет меча во Серија А, Наполи има гол разлика од 23 дадени и само два примени гола.

- Оглас -

Најнови вести