Порталот „Трансфермаркт“ објави листа на најскапите играчи во Серија А, а играч со најголема вредност во италијанското првенство е напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес, чија пазарна вредност се проценува на 85 милиони евра.
Во топ 10 нема ниеден играч од првакот Наполи, а дури петмина се од Интер.
Топ 10 најскапи играчи во Серија А :
- Лаутаро Мартинес (Интер) – 85 милиони евра.
- Алесандро Бастони (Интер) – 80 милиони евра.
- Кенан Јилдиз (Јувентус) – 75 милиони евра.
- Рафаел Леао (Милан) – 70 милиони евра.
- Нико Паз (Комо) – 65 милиони евра.
- Кристијан Пулишиќ (Милан) – 60 милиони евра
- Николо Барела (Интер) – 60 милиони евра.
- Маркус Турам (Интер) – 60 милиони евра.
- Ману Коне (Рома) – 50 милиони евра.
- Федерико Димарко (Интер) – 50 милиони евра
Инаку македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој игра за Наполи, е проценет на 14 милиони евра.

