Наполи е веќе во топ 4 фаворити за титулата во ЛШ! (Фото)

Манчестер сити останува главен фаворит за освојување на Лигата на шампионите, но во квотите кои ги објави Sport Life по првите осминафинални мечеви има некои големи разлики во однос на квотите кои беа пред стартот на нокаут-фазата.

Ако уплатите денеска, квотата за Манчестер сити е 3.00, а следуваат Баерн Минхен со 4.50, Реал Мадрид со 6.00 и Наполи со квота 7.00.

Екипата на Наполи е најпријатно изненадување пред стартот на сезоната, квотата за Наполитанците беше над 100, а пред првиот осминафинален меч со Ајнтрахт, квотата за Наполи дека ќе ја освои ЛШ беше 13.0.

Кај ПСЖ, квотата сега е 20.0 (иста како и за Бенфика и Челзи), а пред првиот меч со Баерн беше 9.00. Драстично се зголеми квотата за Ливерпул, а најмали шанси им се даваат на Клуб Бриж и Ајнтрахт.

- Оглас -

Најнови вести