Наполи еден месец ќе биде без првиот напаѓач

Наполи убедливо со 4:1 го победи Ливерпул во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони во меч на кој домаќините уште на полувремето водеа со 3:0. Убедливата игра и победата над англискиот гигант сепак беше расипана со една лоша вест. Првиот напаѓач во тимот, Виктор Осимен се повреди и мораше да биде заменет пред крајот на првото полувреме.

По направените лекарски прегледи, констатирано е дека Осимен има повреда од втор степен на мускулот на десната нога, што значи дека му следува период на рехабилитација.

Прогнозите се дека опоравувањето ќе трае околу еден месец, што значи дека Наполи нема да може да смета на Осимен во некои битни дуели. Се очекува голгетерот да ги пропушти мечевите против Специја, Торино, Милан и Кремонезе во првенството, како и средбите против Ренџерс и двата меча против Ајакс во Лигата на шампиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести