Наполи ги „дроби“ противниците, Елмас повторно даде гол (Видео)

Екипата на Наполи продолжува да доминира во италијанското првенство и вечерва се израдува на 19-тата победа во 22 коло. Очекувано беше Наполи да се радува во дуелот против Кремонзе, тим кој е закован на дното на табелата во Серија А и е единствен без победа.

Сепак, фактот дека токму Кремонезе го елиминираше Наполи од Купот, беше причина домаќините да одиграат одличен мен на „Диего Армандо Марадона“. Кваратцкелија погоди за водство од 1:0 во 22 минута, а Осимен зголеми на 2:0 во 65 минута.

Во 70 минута во игра влезе Елиф Елмас, а македонскиот репрезентативец по само девет минути поминати на теренот, постигна гол за 3:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести