Петтото коло од Спортска прогноза заврши со натпреварот меѓу Удинезе и Наполи на кој славеа гостите со убедливи 4:0. Речиси 90 проценти веруваа во победа на Наполитанците, и таа дојде, а еден наш верен прогнозер си освои ваучер од 500 денари.
Станува збор за Николче Д., кој беше најуспешен во ова коло погодувајќи 11 од 13 можни натпревари, а последен меч што го чекаше е токму гореспоменатиот меч.
Секое коло бројката на прогнозери се зголемува, а ова таа изнесуваше над 2.200, а како што пишувавме вчера, нагазни „мини“ беа мечевите: Брајтон – Лестер, каде што само 3 проценти веруваа во домашен триумф, како и Ленс со Лил, каде што мнозинството веруваа во нерешено или гостинска победа.
Новото, шесто коло ќе започне денеска во 14:00 часот, а за учество во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија ви треба само СЛ клуб картичка, што исто така е бесплатна и експресно може да се добие во сите обложувачки места на Sport Life.