Италијанскиот шампион Наполи ја одби понудата на саудискиот Ал-Хилал вредна 130 милиони евра за напаѓачот Виктор Осимен.
Италијанските медиуми пишуваат дека претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис на шеиците им порачал дека ќе даде зелено светло за трансферот само кога ќе му понудат 200 милиони евра отштета.
Осимен во Наполи пристигна 2020 година, а минатата сезона одигра 39 меча во сите натпреварувања, постига 31 гол и имаше големи заслуги за освојувањето на титулата во Серија А.
Интерес за Осимен освен Ал-Хилал, пројавуваа и ПСЖ, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, но италијанските медиуми пишуваат дека Нигериецот најверојатно и следната сезона ќе настапува за Наполи бидејќи Де Лаурентис не се откажува од отштетата од 200 милиони евра.