Наполи ја забележа петтата победа во Серија А оваа сезона и се зацврсти на првата позиција на табелата со 16 бода. Тимот на Антонио Конте на домашен терен го совлада Комо со 3-1.
Скот Мектоминеј погоди само по 27 секунди од почетокот на мечот и донесе водство за Наполи. Комо успеа да израмни со голот на Габриел Стрефеца во 43-тата минута.
Сепак, Наполи не дозволи да испушти бодови во Неапол. Ромелу Лукаку во 53-тата минута реализира пенал за нова предност, а триумфот го потврди Давид Нерес со својот дебитантски погодок во италијанскиот шампионат.
Napoli [3] – 1 Como – Neres 86′
byu/CafieroandMalatesta insoccer