Наполи го искористи ремито на Аталанта да се осамостои на врвот на табелата во Серија А

Еипата на Наполи славеше со 1:4 на гостувањето кај Кремонезе во 9 коло во Серија А и се искачи на првото место на табелата.

Наполи го искористи ремито на Аталанта со Удинезе и со трите бода изби на чело на табелата со 23 бода, два повеќе од тимот од Бергамо.

Наполитанците поведоа уште во првото полувреме со голот од пенал на Матео Политано во 26 минута.

На стартот од второто полувреме, во 47. минута Кремонезе успеа да израмни преку Десерс, но во финишот, Наполи дојде до триумфот.

Прво Симеоне во 76. минута му донесе ново водство на Наполи, за во судиското продолжение, Лозано и Оливера со два гола да обезбедат убедлив триумф на лидерот на табелата.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го преседе на клупата за резервни играли целиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести