Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, се наоѓа на радарот на Наполи, пренесува „Атлетик“. Исто така, се споменува дека Англичанецот е цел и на турскиот гигант Галатасарај.
Под раководство на новиот менаџер Рубен Аморим, Манчестер јунајтед би можел да го продаде Мегваер, а Наполи сака да ја искористи оваа можност. Сличен чекор ова лето направи и Скот Мектоминеј, а сега тоа би можел да биде и Мегваер.
Стоперот има договор со Манчестер јунајтед до летото 2025 година, но клубот има опција да ја продолжи соработката за уште една сезона. Ако тоа не го направат, продажбата оваа зима ќе биде последна шанса да заработат од неговото заминување.
Прашањето е дали Мегваер би можел да стане право засилување за Наполи во нивната борба за титулата во Серија А.
Наполи во моментот е лидер во лигата со 38 бодови, но Аталанта и Интер можат да го прескокнат во ова коло.