Наполи го победи Торино и сега е три чекори пред Интер (Видео)

Наполи има три чекори предност во трката за титулата пред Интер, откако вечерва на стадионот „Диего Армандо Марадона“ го совлада Торино со 2-0. Херој на Наполитанците беше Скот Мектоминеј, кој ги постигна двата гола за својот тим.

Играчот за врска успеа да донесе водство уште во седмата минута, а потоа погоди уште еднаш и во 41-та минута од дуелот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра цел натпревар во дресот на Торино.

Аталанта одигра само 1-1 на домашен терен против Лече.

- Оглас -

Најнови вести