Убав гол на Елмас, Наполи го прегрме најтешкото гостување на патот кон Скудетото (Видео)

Елиф Елмас постигна гол кога најногу му требаше на Наполи, во моментни кога Аталанта притискаше за реми и нашиот репрезентативец е меѓу најзаслужните за големата победа на наполитанците од 3:1 во Бергамо.

https://twitter.com/MGuardasole/status/1510630329970798606?s=20&t=LvBnmU2_beRWHotRyBdN3Q

Елмас беше мирен и прецизен во 81. минута за конечни 3:1 за Наполи, екипа што останува во трката за Скудетото, а го прегрме успешно и најтешкото гостување.

Голот на Елмас можете да го погледнете ОВДЕ.

Наполитанците останаа во трката за Скудетото и имаат 66 бода, колку и лидерот Милан, но Росонерите се со меч помалку.

Елиф влезе во игра во 59. минута, само 60 секунди откако Аталанта со голот на Де Рон намали на 1:2и потоа со убав гол ја запечати победата на гостите.

Македонскиот репрезентативец со голот во 81. минута, што му е трет во сезоната и пресуди на Аталанта и го приближи Наполи до Скудетото.

Наполитанците поведоа со головите на Инсиње и на Политано во првото полувреме,а потоа го издржаа притисокот и славеа многу важна победа во битката за титулата.

Удинезе го декласира Калјари со 5:1 и го турна ривалот кон опасната зона. Бето постигна хет-трик, по еднаш прецизни беа и Бетао и Молина за тимот за кој Илија Несторовски играше од 76. минута.

 

- Оглас -

Најнови вести