Наполи го претстави новото засилување, голманот Вања Милинковиќ-Савиќ кој станува дел од тимот на „партенопеите“. Тој пристигнува како позајмен играч од Торино, а договорот меѓу двата клуба содржи клаузула според која трансферот на 28-годишниот репрезентативец на Србија ќе стане постојан под одредени услови.
Милинковиќ-Савиќ во саботата ги помина медицинските прегледи и потоа официјално потпиша со актуелниот шампион на Италија.
Vanja is proud to be one of us! ✨
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) July 26, 2025
💙 #ProudToBeNapoli | #ForzaNapoliSempre | #WelcomeVanja pic.twitter.com/JaK46dEmRd
Минатата сезона тој одигра 39 натпревари за Торино и на 11 од нив ја сочува својата мрежа недопрена.
Својата кариера ја започна во Војводина, по што прејде во Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи го испратија на позајмица во Лехија Гдањск, а во 2017 година беше ангажиран од Торино. Клубот од Торино го праќаше на позајмици во Стандард Лиеж, Асколи и СПАЛ.