14.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Наполи го пријави Елмас за настапите во Лигата на шампионите, познато е и кој број ќе го носи

Елиф Елмас се врати во Наполи, клубот со којшто беше и првак на Италија. Елмас посакуваше што е можно поскоро да си замине од Лајпциг, каде што имаше лоша епизода, па сега повторно ќе игра за Наполи.

Елмас ги помина лекарските прегледи, а тренерот на Наполи, Антонио Конте, покажа дека верува во македонскиот репрезентативец. Елмас веднаш беше пријавен за настапите на Наполи во групната фаза во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец во новата сезона ќе го носи дресот со бројот 20. Претходно додека играше за Наполи, Елмас ги носеше дресовите со броевите 12 и седумката.

 

- Оглас -

Најнови вести