Наполи го продаде Осимен за 120 милиони евра, но не открива на кого

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис ги завршил сите работи околу трансферот на Виктор Осимен во летниот преоден рок, тврди италијанскиот новинар Карло Авио.

„Хипотезата дека никој нема да ја плати клаузулата од 120 милиони не постои. Осимен веќе ги заврши сите работи со новиот клуб заедно со Де Лаурентис. Засега името на клубот не се открива бидејќи Осимен мора да одигра добро за Наполи во следните девет меча, односно до крајот на сезоната“, изјави новинарот на радио „Кис Кис“ од Неапол, Карло Алвино.

Засега името на новиот тим на напаѓачот не се открива, но италијанските медиуми потсетуваат дека во изминатите неколку месеци најголем интерес за Осимен пројавуваа ПСЖ и Челси и шпекулираат дека еден од овие два тима ја платил откупната клаузула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести