Наполи го здроби европскиот првак Ливерпул (Видео)

Поради проблеми со пасошот и неможноста да извади англиска виза, Елиф Елмас не настапи за Наполи во победата од 3:0 против Ливерпул, во мечот одигран во Единбург. Европскиот првак Ливерпул уште е без ударното напаѓачко трио Салах-Фирмино-Мане, кои летово имаа репрезентативни обврски, а тоа многу се чувствува во играта на англискиот тим.

Наполи поведе со голот на Инсиње во 17-тата минута, а веќе во 29-тата минута Милик зголеми на 2:0, што беше и резултат по првите 45 минути. Во второто полувреме, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, направи неколку измени, а нововлезениот Јунес зголеми на 3:0 во 52-рата минута. Потоа темпото на игра спласна и немаше промена на резултатот до крајот на мечот.

https://youtu.be/9gqenfdzkIw

 

- Оглас -

Најнови вести