Четврток не е баш типичен ден за натпревари од фудбалската Лига на шампиони, но овојпат УЕФА ја одреди оваа недела за „ексклузива“ само за ЛШ, па затоа мечевите од првото коло се развлечени во три дена.
Сезонава во ЛШ игра само еден македонски интернационалец, тоа е Елиф Елмас од Наполи. Италијанскиот првак вечерва има тешко гостување кај Манчестер сити, а според најавите на медиумите на Апенинскиот Полуостров, Елмас ќе биде резерва и од клупата ќе чека шанса да заигра на „Етихад“.
Инаку во Наполи има тројца фудбалери кои многу добро го познаваат Манчестер, тоа се: Кевин де Бројне, Расмус Хојлунд и Скот Мектоминеј. Белгиецот по десет години играње во Сити, премина во Наполи, па првпат ќе игра против „своите“, а Данецот и Шкотланѓанецот се поранешни играчи на Манчестер јунајтед.