18.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Наполи и Борусија нема да имаат проблеми, баскиското дерби ќе биде со малку голови

3008 Салернитана – Наполи (18 ч.)

Повеќе од 12 години поминаа кога овие два тима играа последен пат меѓусебе и тоа во Купот. Тогаш Наполи без проблем победи со 3:0. Успех за Салернитана сезонава ќе биде ако остане во Серија А, додека Наполи има шампионски апетити.

Наполи ја има најдобрата одбрана во лигата и во 10 меча прими само три гола, што е само доказ дека домаќините ќе имаат голем проблем да ја затресат мрежата.

Предлог тип: 2-2&0-4 (2.70)

 

1809 Борусија Менхенгладбах – Бохум (17:30 ч.)

Домашниот терен е голем адут за Борусија, а тоа се покажа и во Куп мечот против Баерн, кога Менхенгладбах изненадувачки победи со 5:0. Сезонава Борусија игра сигурно дома, а Бохум претрпе четири порази во пет гостувања. Победата над Баерн треба да биде дополнително зголемување на самодовербата за домаќините, кои треба да нападнат од самиот старт.

Предлог тип: 1-1 (1.90)

 

1306 Реал Сосиедад – Атлетик Билбао (21 ч.)

Баскиското дерби секогаш е привлечно за гледање и типување. Тука најважно е да не се загуби, па затоа и се игра многу претпазливо и првичната задача е да не се прими гол. Не случајно традицијата вели дека на 15 од последните 21 средби на овие два тима, немало повеќе од два гола.

И актуелната табела покажува дека двата тима се со цврсти одбрани. Атлетик е со најмалку примени гола во лигата (шест примени гола во 10 меча), додека Сосиедад ја има третата најдобра одбрана (девет примени гола во 11 средби).

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.12)

 

1662 Андерлехт – Леувен (18:30 ч.)

Домаќините се апсолутни фаворити за победа, но факт е дека Леувен нема пораз на последните пет меча. Андерлехт игра отворен фудбал, дава многу погодоци, но тоа отвора шанса и противникот да реализира.

Затоа, на осум од последните девет меча на Андерлехт било гол-гол ситуација, а дури шест пати биле постигнувани барем по четири погодоци.

Предлог тип: 1+I & 2+ II (1.83)

 

1246 Мадервел – Ренџерс (13:00 ч.)

Селтик вчера не победи, што е мотив повеќе за Ренџерс да ја зголеми предноста на врвот на табелата пред најголемиот ривал. Мадервел нема победа во последните четири кола, а интересно е дека лани два од трите меча против Ренџерс ги одигра нерешено 1:1 и еднаш загуби со 3:1.

Реално гостите се големи фаворити, но не треба да се исклучи можноста дека домаќините може да се израдуваат барем на бод.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.64)

 

- Оглас -

Најнови вести