28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Наполи и Елмас го прекинаа 33-годишниот пост и ја освоија титулата во Серија А

Фудбалерите на Наполи се нови шампиони во Серија А откако вечерва одиграа 1:1 во Удине на гостувањето кај Удинезе и на пет кола до крајот имаат недостижни 16 бода пред Лацио.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1654223788903395329?s=20

Ова е вкупно трета шампионска титула за Наполи, а претходно тимот беше најдобар кога беше предводен од легендарниот Диего Марадона, и тоа во 1987 и во 1990 година.

Славеник е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој даде значаен придонес во освојувањето на титулата. Елмас стана вториот Македонец по Горан Пандев, кој триумфирал во Серија А.

Голот вреден шампионска титула го постигна Виктор Осимен во 52-рата минута, откако претходно Удинезе поведе преку Ловриќ.

- Оглас -

Најнови вести