Наполи ја оправда фаворитската улога и со 2:0 победи на гости кај Кремонезе во меч од 16 коло на Серија А. Наполитанците уште во првото полувреме ги реши ја сите дилеми околу победникот и тоа најмногу благодарение на Расмус Хојлунд.
Репрезентативецот на Данска ги постигна двата погодоци за три бода на актуелниот првак на Италија. Се играше 13 минута кога Хојлунд донесе радост за гостите. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Пред крајот од првото полувреме, Хојлунд повторно се најде на вистинското место и погоди за 2:0, обезбедувајќи многу помирно второ полувреме за гостите од Неапол. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Во вторите 45 минути, Наполи рутински одработи, ја сочува предноста и стигна до победа. Со овие три бода Наполи сега има 34 бодови, еден помалку од лидерот Милан. Интер кој има 34 бодови, вечерва гостува во Бергамо кај Аталанта и може да се случи Нераѕурите да се искачат на врвот на табелата.

