5.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Наполи и Рома поделија по бод во „дербито на сонцето“ (Видео)

Наполи и Рома одиграа 2-2 во возбудлив дерби дуел на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Гостите од Рим двапати имаа водство, но Наполи исто така наоѓаше начин да се врати и да израмни.

Мален донесе водство за Рома во седмата минута, а израмни Спинацола, на асистенција од Елиф Елмас, во 40-тата минута.

Дониел Мален од пенал повторно обезбеди предност за Рома во 71-та минута, но новото засилување Алистон Сантос спаси бод за Наполи со погодокот во 82-та минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести