Наполи или Интер е главното прашање за играчите на Спортската прогноза

Новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е во полн ек и играчите можат да ги прогнозираат 13-те натпревари кои треба да ги погодат, по што следуваат и убави награди.

Претстојниот викенд во фокусот е големата пресметка во Серија А меѓу Наполи и Интер, која може да одлучува за многу работи и околу шампионската титула во Италија.


Тука се мечевите од основната понуда, но и двата резервни пара кои се бројат во трката за генералниот пласман.

Крајниот рок за типување е сабота, 14 часот, кога почнува мечот Жирона – Селта.

Во Италија и во недела има големо дерби, Милан го пречекува Лацио.

За 13 погодени натпревари сами си бирате еден од трите подароци (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести