24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Наполи ја губи довербата кај прогнозерите, повеќе му веруваат на Јувентус

Новото 27-мо коло на Спортска прогноза кое е во тек е во знакот на италијанската дерби-пресметка меѓу Јувентус и Наполи.

Наполи, кој ја има титулата в џеб, лидер е табелата со 14 бода предност пред второпласираниот Лацио на осум кола до крајот, во последно време не бележи резултати какви што очекуваат навивачите. Наполитанците се елиминирани во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Милан, а во последното коло во Серија А не успеаја да ја совладаат Верона на домашен терен и веќе имаат серија од три меча без триумф.

Јувентус, пак, по одземањето на 15 бода, се обидува да обезбеди место во европските купови следната сезона, Лигата на шампионите изгледа далечна за Старата дама, но шансите за другите две натпреварувања се повеќе од реални.

Јувентус загуби на последните два меча, но прогнозерите на Спортска прогноза му даваат поголеми шанси од Наполи, 49 отсто сметаат дека Старата дама ќе слави во неделното дерби, 17,89 отсто му веруваат на Наполи, а 33 отсто мислат дека нема да има победник.

Според досегашните типувања, прогнозерите имаат свои фаворити во 27-мото коло на Спортска прогноза. Тие очекуваат победи на Фулам над Лидс (72,31 отсто), на Лестер над Вулверхемптон (76,88 отсто), на Сампдорија над Специја (75 отсто), на Лориен над Тулуз (68,82 отсто), на Мајорка над Хетафе (65 отсто) и на Севилја над Вилјареал (61 отсто).

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 13.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести