Наполи ја најде замената за Кулибали во Арсенал

Наполи е блиску до комплетирање на трансферот на Сократис Папастатопулос од Арсенал, кој на „Сан Паоло“ доаѓа како замена за Калиду Кулибали. Наполи нема да плати отштета за грчкиот стопер бидејќи спогодбено ја раскина соработката со Топчиите, а на „Сан Паоло“ го чека двегодишен договор и 3,5 милиони плата по сезона.

За Наполитанците ова е одличен „дил“ ако се знае дека од трансферот на Кулибали треба да заработат до 75 милиони евра, кој наскоро треба да го засили Манчестер сити.

Папастатопулос инаку се враќа во Серија А по осум години пауза, откако во сезоната 2011/12 ги бранеше боите на Милан, а претходно играше и за Џенова.

- Оглас -

Најнови вести