Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, ја откри сумата за која е подготвен да го пушти Виктор Осимен, кој игра фантастично сезонава, таа изнесува 170 милиони евра.
„Ја одредивме сумата за Осимен и таа изнесува 170 милиони евра. За големите екипи нема да биде проблем да издвојат толкава сума, тука, пред сè, мислам на екипите од Премиер лигата“, изјави Де Лаурентис.
Најголем интерес за Осимен доаѓа токму од Премиер лигата, и тоа од екипите на Манчестер јунајтед и на Челзи.
Минатата недела англиските медиуми објавија дека Црвените ѓаволи веќе подготвија понуда тешка 150 милиони евра, но Де Лаурентис се смета за еден од најтешките преговарачи, ќе мора да додадат уште 20 милиони ако сакаат да го ангажираат Осимен.