Екипата на Наполи немаше проблеми на свој терен и со 2:0 славеше над Монца во меч од шестото коло на Серија А. Со овој триумф Наполи стигна до 13 бодови и сега е нов лидер во Серија А.
Уште во првото полувреме Наполи ги реши сите дилеми. Се играше 22 минута кога Матео Политано постигна гол за водство на домашниот тим од 1:0. Со овој погодок, Политано стана само третиот играч во Серија А што постигнува барем еден погодок во последните 10 сезони, приклучувајќи се на Дуван Запата и Пауло Дибала. Голот на Политано може да го видите ТУКА.
Водството на Наполи беше удвоено во 33 минута кога Кварацкелија искористи еден кикс на одбраната на гостинскиот тим и зголеми на 2:0. Погодокот на репрезентативецот на Грузија може да го видите ТУКА.