Наполи ја прегази Фиорентина и е прв финалист на италијанскиот Супер куп (Видео)

Екипата на Наполи е прв финалист на италијанскиот Супер куп кој се игра во Ријад, откако вечерва со убедливи 3-0 ја совлада Фиорентина. Актуелниот шампион на Италија во првенството е далеку од потребното ниво, но денес одигра одлично и сосема заслужено во финалето ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Интер и Лацио.

Наполи поведе во 22-рата минута преку Симеоне, а во првиот дел Фиорентина можеше да направи пресврт, но најпрво ВАР му поништи погодок на Белтран, а потоа и Иконе промаши пенал.

Во второто полувреме Наполи со уште два гола покажа зошто е шампион. Двоен стрелец беше Алесио Зербин кој стрелаше прецизно во 84-тата и 86-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести