28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Наполи ја забележа првата победа во подготовките, Елмас не играше поради повреда

Екипата на Наполи со победа ги започна подготовките во италијанското туристичко место Кастел ди Сангро, откако со убедливи 4-0 го совлада турскиот Хатајспор.

По двапати во листата на стрелците се запишаа Виктор Осимен и Џовани Симеоне.

Од екипата на Наполи пред натпреварот информираа дека нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, нема да настапи на натпреварот поради повреда на бутниот мускул. Нема подетални информации за колку сериозна повреда се работи.

https://twitter.com/en_sscnapoli/status/1685326549166219265?s=20

- Оглас -

Најнови вести