Наполи е подготвен да се израдува на првата титула во Серија А по пауза од 33 години. На Наполи му е доволен само уште еден бод за и официјално да биде крунисан во нов фудбалски првак на Италија.
Според распоредот, Наполи в четврток ќе гостува кај Удинезе, а потоа се очекува да започне шампионското славење. Иако игра на гостински терен, стадионот „Диего Арамандо Марадона“ се очекува да биде полн.
Планот на претседателот на Наполи, Аурелио де Ларуентис, е да бидат поставени два огромни видеобима на стадионот и сите навивачи заеднички да го следат дуелот против Удинезе. Ќе има и помалку видеобима за да може сите фанови без препрека да го следат дуелот против Удинезе.
Планот е влезот на стадион да биде симболични 5 евра, а собраната сума ќе оди во добротворни цели.