26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Наполи ќе испрати нова понуда за Алехандро Гарначо

Италијанскиот шампион Наполи подготвува понуда вредна 45 милиони фунти за крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, пренесуваат медиумите од Англија и Италија.

Партенопеите покажаа сериозен интерес за Аргентинецот уште во јануари, но тогаш цената што Јунајтед ја бараше, околу 60 милиони фунти, беше преголема, па Наполи се повлече од преговорите. Во изминатата сезона, италијанскиот клуб веќе доведе еден играч од Манчестер јунајтед, Скот Мектоминеј, кој одигра важна улога во освојувањето на Скудетото.

Сега Наполи повторно гледа шанса да го ангажира Гарначо бидејќи играчот е во нарушени односи со раководството на Манчестер јунајтед и добил дозвола да си бара нов клуб. Наводно, конфликтот со менаџерот Рубен Аморим по финалето во Лигата на Европа го засилило неговото незадоволство. Фудбалерот добил дополнителна недела одмор за да ги преиспита опциите за својата иднина.

Манчестер јунајтед наводно бара минимум 50 милиони фунти за да се раздели со Гарначо, а ситуацијата внимателно ја следат и неколку други европски гиганти, кои се подготвени да испратат понуди.

- Оглас -

Најнови вести