25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Наполи ќе ја исполни најголемата желба на Конте за засилување во одбраната

Наполи и Болоња постигнаа договор за трансферот на холандскиот централен дефанзивец Сам Бојкема. Италијанскиот шампион ќе плати 31 милион евра, плус бонуси, за 26-годишниот стопер, кој беше една од клучните желби на Антонио Конте во летниот преоден рок.

Бојкема веќе има усогласени лични услови со клубот од Неапол и ќе потпише долгорочен договор до 2030 година, со годишна плата од 3 милиони евра.

Медицинските прегледи се очекуваат следната недела, најверојатно во вторник или среда, по што официјално ќе биде претставен како ново засилување на Наполи.

Бојкема мина две сезони во редовите на Болоња откако пристигна од АЗ Алкмар за 10 милиони евра. За тимот од „Ренато Дал’Ара“ одигра 80 натпревари, постигнувајќи два гола и три асистенции. Се разбира, неговата главна задача е дефанзивата.

Со неговото пристигнување, Наполи значително ќе го засили одбранбениот ред пред почетокот на новата сезона, во која Конте има амбиција да го одбрани пехарот во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести