Наполи ќе ја прекине победничката серија на Јувентус

3001 Наполи – Јувентус (20.45 часот)

Вечерва се игра големото дерби во Серија А во кое се среќаваат двете првопласирани екипи во Лигата. Наполи е лидер на табелата со 44 бода, седум повеќе од Старата дама, а и двете екипи се наоѓаат во страшна форма.

Наполи Новата година ја започна со пораз од Интер (0:1), но претходно имаше серија дури од 11 победи по ред во Серија А, а славеше и во последното коло, над Сампдорија. На тој натпревар, во листата на стрелци се запиша Елиф Елмас, кој го постигна првиот гол во кариерата од пенал.

Од друга страна, победничката серија на Јувентус сè уште трае и изнесува осум победи по ред. Тоа што е исто така импресивно е податокот дека Старата дама нема примено ниту еден гол додека победува. Иако се наоѓа во победничка серија, Јувентус не игра убедливо, додека Наполи освен што доминира, игра одличен атрактивен фудбал. Поради тоа, предноста на вечерашното дерби ја има Наполи, кој не би требало да загуби.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.65)

 

1952 Галатасарај – Хатајспор (18.00 часот)

Галатасарај е лидер во турската Суперлига, а во последното коло го победи големиот ривал Фенербахче со 3:0 и му избега на четири бода на табелата.

Галатасарај се наоѓа во серија од седум победи по ред во домашниот шампионат и притоа ги победи најголемите конкуренти за титулата, Фенербахче, Бешикташ, Башакшехир, а вечерва пред своите гледачи игра против тимот кој се наоѓа во зоната на испаѓање, Хатајспор, и сè освен победа на лидерот, би претставувало сензација.

Предлог тип: 1-1&2+ (1.98)

 

1642 Хелмонд спорт – НАЦ Бреда (20.00 часот)

Минатиот викенд на фудбалската сцена се врати лигата која е синоним за голови, Втората холандска лига. Еден од поинтересните натпревари е тој меѓу Хелмонд спорт и НАЦ Бреда.

Гостите се сигурни на средина на табелата, додека Хелмонд спорт се наоѓа во долниот дел од табелата и во првите натпревари во 2023 година остварија позитивни резултати. НАЦ Бреда го совлада вториот тим на ПСВ со 2:1, додека Хелмонд ремизира на гостувањето кај Венло (1:1).

На последните три меѓусебни натпревари на кои Хелмонд спорт бил домаќин се постигнати 11 гола и за очекување е ефикасната серија да продолжи и вечерва.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.08)

 

1002 Астон вила – Лидс (21.00 часот)

Астон вила под водство на новиот менаџер Унаи Емери игра подобро и во двата натпревари во 2023 година нема пораз, го совлада Тотенхем на гости со 2:0, а ремизира со Вулверхемптон (1:1).

Лидс пак во првите два меча во Новата година одигра нерешено, без голови со Њукасл и 2:2 со Вест хем. Двете екипи играат офанзивен фудбал, посебно тоа се однесува на Лидс. Три од последните четри натпревари на Лидс во Премиер лигата и ФА купот завршија со четри постигнати гола. Ништо полоша не е ниту Астон вила, која по доаѓањето на Емери на клупата, постигнува голови на секој натпревар.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

1301 Селта – Вилјареал (21.00 часот)

Вилјареал се наоѓа во одлична форма, победи на последните три натпревари во Ла Лига, од кои најголема и најважна е таа од минатиот викенд, кога со 2:1 го совлада Реал Мадрид и вечерва ќе се обиде да ја искористи добрата форма и да остане непоразен на гостувањето кај Селта.

Селта исто така нема пораз во последните три меча, има една победа и две ремија. Интересно е што на последните седум натпревари на Селта на домашен терен немало повеќе од три гола, последен пат биле постигнати повеќе голови дури во август минатата година (Реал Мадрид славеше со 1:4).

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.87)

- Оглас -

Најнови вести