Наполи во летниот преоден рок ќе се пушти во потрага по напаѓач, а на врвот на листата желби на Џенаро Гатузо е Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач на Реал Мадрид ретко добива шанса за настап, кога игра во главно влегува од клупа, а денес нема да биде во комбинација за настап на гостувањето кај Бетис.
Фактот што Јовиќ не е во плановите на Зинедин Зидан, го доведе до ситуација да размисли за преселба во Италија, поточно во Наполи. Наводно до таборот на Кралевите стигнала понуда за Јовиќ, засега не се знае дали се работи за позајмица или перманентен трансфер, но ќе биде интересно да се види како ексголгетерот на Црвена ѕвезда и Ајнтрахт би играл покрај нашиот Елиф Елмас.
Балканската врска Елмас – Јовиќ може да биде новото динамично дуо на Наполитанците во иднина.