Наполи ќе се брани од тим кој во две кола даде 9 гола

Ајакс – Челзи (Фудбал, ЛШ, 18.55 часот)

По првите две кола, Ајакс е неприкосновен во групата, но ова им е најтежок тест досега на „копјаниците“. Тимот од Амстердам не прими гол против Лил и Валенсија, а на свој терен имаат седум победи по ред. На 15 од последните 18 меча дома, Ајакс даваше два или повеќе голови. Челзи загуби дома од Валенсија, а славеше на гости кај Лил. „Сините“ примаат гол на 11 гостувања по ред. Овие тимови играле еднаш и тоа пријателски меч во 2010 година.

Предлог тип: 2-3 гола (2.12)

 

Генк – Ливерпул (Фудбал, ЛШ, 21.00 часот)

Генк е шести на табелата во белгиската лига, а во ЛШ се со еден бод од две кола и тим со најмногу примени голови, бидејќи Салцбург им даде шест. Ливерпул веќе не е 100 отстотен во Премиерлигата, но според најавите им се враќа Салах, и тоа не е добра вест за Штрумфовите. Ливерпул во ЛШ загуби од Наполи со 0-2, а го победи Салцбург во меч со седум гола. Типуваме дека гостите ќе дадат барем по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (1.74)

 

Интер – Борусија Дортмунд (Фудбал, ЛШ, 21.00 часот)

Домашните се под притисок дека мора да ги освојат трите бода, па воопшто нема да им биде лесно. Фокусот на Интер е атак на титулата во Серија А, во ЛШ веќе имаше еден погрешен чекор, плус и еден очекуван минимален пораз, и прилично заостанува зад Борусија и Барселона, но победа вечерва ги враќа во игра. И Дортмунд силно ја посакува титулата во домашното првенство, но засега игра добро и во ЛШ. Не е лесно да се прогнозира каков тек ќе има мечот, двата тима имаат и повредени играчи.

Предлог тип: Х (3.50)

 

Салцбург – Наполи (Фудбал, ЛШ, 21.00 часот)

Нашиот Елмас можеби ќе биде стартер на оваа средба. Наполи нема примено гол по првите две кола, а двата меча на „црвените бикови“ завршија со 7+. Значи ова е дуел на две различни екипи, а интересно е што во минатата сезона, Наполи го елиминираше Салцбург во осминафиналето на Лига Европа во интересен двомеч. На тие два меча паѓаа три и повеќе голови. Наполи дома победи 3-0, а на реваншот загуби 1-3. И тука сè е можно, веруваме во ефикасен меч.

Предлог тип: 4+ (2.10)

 

Славија Прага – Барселона (Фудбал, ЛШ, 21.00 часот)

Барселона го фаќа посакуваниот ритам, а тоа е и нормално кога Меси не е повреден и почнува да дава голови и да асистира. Каталонците имаат четири бода, но не блескаа. Славија на хартија е убедливо најслаб тим во групата, и желба им е да не се посрамотат. Нападот на Барселона е пресилен за одбраната на Славија, реално е да се очекува да паднат барем три погодоци, веројатно повеќе или сите во мрежата на домашните.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.90)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Ајакс – Челзи 1-3I & 1-3 II (1.90)

Салцбург – Наполи Х2 & ГГ (2.10)

Славија – Барселона 2 & 2-4 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести