Наполи киксираше на „Диего Армандо Марадона“ против Удинезе (Видео)

Наполи беше фаворит во дуелот со Удинезе, но на крајот, домашниот тим на „Диего Армандо Марадона“ мораше да се задоволи со еден освоен бод, откако мечот од 24 коло на италијанската Серија А заврши 1:1. Со овој бод Наполи сега има 55 бодови и останува лидер на табелата, со четири бодови повеќе од второпласираниот Интер кој има и меч помалку. Удинезе со 30 бодови е на десетото место.

Лидерот на табелата прв се израдува на гол, откако по еден корнер, Мектоминеј одлично реагираше со глава и погоди за 1:0 во 37 минута. Сепак, радоста на Наполи траеше кратно. Само три минути подоцна, Удинезе израмни на 1:1, а на крајот тоа се покажа и како конечен резултат.

Головите може да ги видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести