8.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Наполи киксна против Комо, Елмас одигра 53 минути

Фудбалерите на Наполи одиграа само 0-0 против Комо на домашен терен, но остануваат на врвот од Серија А. Елиф Елмас не беше стартер за Наполи, но влезе во игра во 37-мата минута на местото од повредениот Гилмор.

Иако Наполи имаше осум удари во рамки на противничкиот гол, сепак, гостите беа тие кои беа поблиску до победата, бидејќи Мората во 26-тата минута не реализираше пенал.

Што се однесува до нашиот репрезентативец, Елмас упати еден удар во рамки на голот на Комо, но Бутец беше поуспешен. Нашиот фудбалер имаше 20 точни проигрувања од вкупно 21 и статистички одигра речиси перфектен меч, но и тоа не беше доволно за победа на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести