Наполи купува фудбалер на Реал, деталите од трансферот се бизарни

Наполи и Реал Мадрид се договорија за трансферот на Рафа Марин, фудбалер кој не одигра ниту еден натпревар за сениорската екипа на „кралевите“, но Флорентино Перес знаеше како да го наплати и неговиот трансфер.

Овој трансфер привлече големо внимание, но кога ќе се погледнат деталите и клаузулите, тогаш се станува што повеќе бизарно. Наполи на Реал Мадрид ќе му плати 12 милиони евра, а „кралевите“ ќе имаат право да го откупат назад во 2026-тата за 25 милиони евра или за 35 милиони евра во 2027-мата година. Сепак, доколку Наполи следното лето дополнителни 10 милиони евра, тогаш се удвојуваат и сумите кои би требало да ги плати Реал Мадрид ако сака да го врати назад. Така, во 2026-тата би платиле 50 милиони евра, а во 2027-мата дури 70 милиони евра.

Рафа Марин на 14 години пристигна во академијата на Реал Мадрид. За втората екипа одигра 89 натпревари, пред да биде позајмен во Алавес.

- Оглас -

Најнови вести