Наполи лесно ги прегази Зебрите, Елмас е на врвот во Серија А (Видео)

Наполи е нов лидер во Серија А и со убедлива победа од 4:0 против Удинезе ја продолжи триумфалната серија на почетокот на новата сезона.

Елиф Елмас е на врвот во Калчото, заедно со соиграчите кои стигнаа и до четвртиот триумф во четвртото коло во италијанското првенство.

Нашиот репрезентативец го одигра целиот меч, но не учествуваше во акциите за головите. Триумфот на гостите го најавија напаѓачите Инсиње и Осимен при акцијата за водечкиот гол во 24-тата минута, а потоа продолжија двајцата стопери Рахмани и Кулибали.

Голот на Осимен по аситенцијата на Инсиње можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа редот дојде на Рахмани, кој погоди од чиста позиција по асистенцијата на Кулибали во соработката на тандемот стопери на Наполи.

Вториот гол за Наполи што „падна“ во 35-тата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

За крај на гол-шоуто на гостите на „Дачија арената“ во Удине беа постигнати и двата најубави погодоци на мечот. Најпрво Кулибали постигна одличен гол со силен удар од 12-13 метри, а потоа се исткана и Лозано.

Погодокот на Сенегалецот можете да го погледнете ОВДЕ.

Последниот погодок на мечот беше постигнат во 84-тата минута, а беше вистинско ремек-дело на мексиканскиот репрезентативец Лозано.

Тој гол можете да го погледнете ОВДЕ. За Удинезе поради повреда не играше Илија Несторовски. Наполи е лидер на табелата со 12 бода, пред Интер и Милан, кои имаат по 10 бода.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести