Италијанскиот прволигаш Наполи би можел да се раздели со Бразилецот Жуан Жезус по неговата објава на социјалните мрежи.
На раководството на италијанскиот клуб не им се допаднале коментарите на дефанзивецот во кои тој зборуваше за обид да му се украде автомобилот во Неапол.
Бразилецот објави видео на кое се гледаат скршени стакла на неговиот автомобил, нередот во внатрешноста и оштетени детските седишта.
„Безбедност нула. За жал, никогаш повеќе нема да се чувствувам безбедно во толку убав град. Ми се повраќа!“, напиша 33-годишниот Бразилец.
Договорот на Жесус со Наполи истекува следното лето.
Тој се обиде со нова објава да ги смири работите со навивачите на Наполи.
„Некои работи ме повредија, но мојот гнев никогаш не беше кон народот на Неапол или кон тимот. Секое утро се будам пред глетка која го одзема здивот, постојан потсетник за убавината на овој град“.