Наполи му честиташе роденден на Елмас, а клубот објави и уште една убава вест

Наполи му го честиташе 24-тиот роденден на македонскиот фудбалер Елиф Елмас, а како што е редот, тоа го стори и Фудбалската федерација на Македонија на својот Фејсбук профил.

Елмас е роден пред 24 години во Скопје, а веќе четири години е член на Наполи, со кој минатата сезона ја освои титулата во италијанската Серија А. Наполи попладнево гостува во Болоња, и се очекува Елмас да добие шанса да заигра на овој посебен ден за него.

Од Наполи се пофалија и дека за мечот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 3-ти октомври, продадени се сите билети, и стадионот „Диего Марадона“ во Неапол ќе биде исполнет до последно место.

- Оглас -

Најнови вести