Наполи ја одби понудата од ПСЖ за услугите на нивниот играч од средниот ред, Алан. „Светците“ биле подготвени да исплатат 50 милиони евра за Бразилецот, но италијанскиот вицешампион нема намера да остане без еден од главните играчи во тимот, особено не среде сезона.
Дваесет и седумгодишниот играч за врска е незамелив на неговата позиција во стратегијата на Карло Анчелоти. Оваа сезона пропушти само еден меч во Серија А, додека настапи на останатите 16, како и на сите средби во групната фаза од ЛШ. Од таборот на ПСЖ биле импресионирани со Алан токму во двата дуели против нив, па јасно е дека интересот не е случајност.
Наводно, францускиот првак нема веднаш да се откаже од Алан, па се очекува нова, попримамлива понуда, со надеж дека наполитанците кога-тогаш ќе попуштат.