25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Наполи му нуди 27 милиони евра на Кевин де Бројне за тригодишен договор

Новиот италијански шампион Наполи се активира на трансфер-пазарот со желба да ја засили екипата која неодамна го прослави Скудетото. Според италијанските медиуми, клубот му понудил на Кевин де Бројне тригодишен договор, вреден вкупно 27 милиони евра.

Белгискиот репрезентативец има договор со Манчестер сити кој истекува на 30 јуни, што значи дека би можело да премине во Наполи како слободен играч, без да се плати обесштетување. За Де Бројне се интересира и клубот од МЛС-лигата, Чикаго Фаер, како и неколку богати клубови од Саудиска Арабија.

Кевин де Бројне сака да остане во Европа и по десетгодишната успешна кариера во Манчестер сити. Тој пристигна во 2015 година од Волфсбург за рекордни 75 милиони евра. Оттогаш одигра 421 натпревар, постигна 107 гола и асистираше за уште 177.

Со Сити освои шест титули во Премиер лигата, една Лига на шампиони, два ФА купа и пет Лига купа. Двапати беше прогласен за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата и од Здружението на професионални фудбалери, а петпати беше избран во тимот на сезоната во Англија.

Ако се реализира трансферот во Наполи, тоа би бил еден од најголемите потези на клубот во последните години.

- Оглас -

Најнови вести