Наполи со 2-0 славеше над Карабах во Лигата на шампионите, а Елиф Елмас беше уфрлен во игра во 74-тата минута на местото на Ноа Ланг. Македонскиот репрезентативец до крајот на мечот се истакна со еден потег, кога му протна топката низ нозе на Дани Болт.
Токму овој потег на Елмас беше издвоен на социјалните мрежи на Наполи под наслов „Чиста класа“.

