Наполи на пенали се протна во четвртфиналето на Купот на Италија

Италијанскиот шампион Наполи мораше да се мачи на пенали во осминафиналната битка од Купот на Италија против Каљари. Мечот во регуларниот тек заврши 1-1, а по изведувањето на ударите од белата точка, Наполитанците славеа со 8-9 и се пласираа понатаму.

Елиф Елмас беше стартер и го одигра целиот натпревар за Наполи. Лоренцо Лука донесе предност за Наполи во 28-мата минута, а израмни Себастијано Еспозито во 67-мата минута.

Со оглед дека немаше разврска во регуларниот тек од мечот, се изведуваа пенали, а по големата драма, подобри изведувачи беа фудбалерите на Антонио Конте и славеа со 9-8.

Матија Феличи од гостинскиот тим не успеа да реализира пенал и ја погоди гредата од голот на Наполи, но во петтата серија неуспешен беше и Давид Нерес.

Елиф Елмас беше прецизен во шестата серија, а возбудувањата продолжија. Во десеттата серија Вања Милинковиќ-Савиќ го одбрани ударот на Лувумбо, а Бонџорно го трасираше патот на Наполи во четвртфиналето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести