Наполи на слатки маки: Англиски тим за Кварацкелија понуди 82 милиони евра

По повеќе од три децении чекање, Наполи стана шампион на Италија. Еден од најзаслужните за оваа титула секако е Квича Кварацкелија. Грузискиот репрезентативец имаше блескава сезона, поради што сега и е на фокус на најголемите и најбогатите клубови во Европа.

Како најсериозен кандидат за да го купи Кварацкелија е англискиот премиерлигаш Њукасл. На адреса на Наполи е пристигната понуда вредна 82 милиони евра за трансфер на Грузиецот.

Популарниот Квара во минатата сезона одигра 43 меча за Наполи во кои постигна 14 голови, а имаше и 17 асистенции. Тој дојде во Наполи за сума од 11,5 милиони евра од Динамо Батсуми. Според актуелниот договор, Кварацкелија минатата сезона заработи 1,2 милиони евра по сезона, а сега платата треба да му биде удвоена.

 

- Оглас -

Најнови вести