Наполи не го дава врвот, со пресврт го победи Јувентус и му побегна шест бода на Интер (Видео)

Наполи ја забележа и седмата победа по ред и со тоа повторно ја врати предноста од шест бода пред Интер, кој има и два натпревари помалку од конкурентот за титулата. Под Везув падна и Јувентус и тоа со пресврт, откако „старата дама“ имаше водство од 0-1 после првото полувреме со голот на Коло Муани во 43-тата минута.

Сепак, во второто полувреме домашните направија комплетен пресврт. Франк Ангвиса во 57-мата минута погоди за 1-1, а победата за Наполи ја донесе Ромелу Лукаку од пенал во 69-тата минута.

Интер својот натпревар од ова коло го игра утре, против Лече на гости, па со евентуална победа повторно ќе се врати на три бода негатива од Наполи.

- Оглас -

Најнови вести