Италијанскиот шампион Наполи сезонава не личи на тим кој минатата сезона беше страв и трепет во Серија А и по синоќешниот пораз од Рома (2:0), го заборави својот тренер на „Олимпико“.
Валтер Мацари поради тоа морал да плати такси од Рим до Неапол, пишива весникот „Република“.
Според весникот, клупскиот автобус заминал без него и дека никој не приметил дека им недостасува тренерот.
„Република“ пишува дека Мацари по мечот, предолго се задржал на прес-конференцијата и останатите обврски кои ги имал кон медиумите.
Откако увидел дел автобусот заминал без него, Мацари од Рим во Неапол се врати со такси.
Наполи по 17 кола во Серија А се наоѓа на седмото место на табелата со 27 освоени бода, дури 17 помалку од лидерот Интер.