Ремито од 0-0 против Верона ги разочара навивачите на Наполи, но добрата вест е дека се врати Виктор Осимен, кој за малку ќе дадеше гол, ја погоди рамката на голот.
Тренерот Лучано Спалети потврди дека голгетерот од Нигерија ќе биде во почетниот состав на реваншот против Милан од Лигата на шампионите. Тоа е одлична вест за Наполи кој со нетрпение ја чека и прославата на третата титула во Серија А, прва после 33 години.
Наполи има 14 бодови предност пред вториот Лацио, а на 19-ти април ќе се знае дали на Јувентус ќе му бидат вратени 15-те бодови. Иако се правеа математики дека Скудетото може да биде освоено уште во април, тоа нема да се случи. Наполи најрано може да ја обезбеди титулата на 7-ми мај кога игра со Фиорентина.